Алегри e можна замена за Лампард во Челзи

Од:

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри се уште е без работа, но шпекулациите за неговата иднина продолжуваат. Откако изминатите недели се појавија гласини дека тој може да го предводи Пари Сен Жермен или Манчестер Јунајтед, италијанскиот менаџер сега е поврзан со друг европски гигант.

Неколку извори тврдат дека Алегри може да го замени Френк Лампард на кормилото на Челзи. Италијанскиот стручњак реши да паузира една година откако помина пет години како тренер во Јувентус.

Последните недели се зборуваше многу дека тој може да го замени Оле Гунар Солскјер на „Олд Трафорд“, но тренерското место на Норвежанецот по синоќешната победа над Пари Сен Жермен со 2:1 изгледа сигурно.

„Котидиано Спортиво“ тврди дека Челзи го идентификувал Алегри како потенцијална замена за Френк Лампард доколку резултатите на тимот не се подобрат.

Масимилијано Алегри има акумулирано богата биографија во последните десет години. Тој има шест титули во Серија „А“ со Јувентус и Милан, четирипати го има освоено Купот на Италија и двапати стигнал до финалето во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Ливерпул со нов клупски рекорд, нема пораз на домашен терен 64 последователни натпревари

Ана Ололовска

Ливерпул лесно се справи со Лестер и се искачи на второто место во Премиер лигата

Ана Ололовска

Клоп: Невозможно е да се освојат 100 бода оваа сезона, дури и 87 е нешто далечно

Ана Ололовска

„Сан“: Сити ќе се обиде да го ангажира Меси во јануари

Ана Ололовска

Гомез верува дека ќе се врати посилен по повредата на коленото

Ана Ололовска

Евертон заинтересиран за Иско

Ана Ололовска