Албанија: Двајца затворски полицајци заразени со Ковид-19, 19 други во изолација

Од:

Двајца полициски службеницви, едниот од затворот „313“ во Тирана и еден од затворот во Скадар се позитивни на новиот коронавирус, додека 19 нивни колеги се во домашна изолација.

Што се однесува до полицаецот од затворот „313“, кој се смета за еден од најбезбедните затвори во Албанија, е на домашнои лекување, а позитивно на вирисот е и неговото смејство, додека 12 негови колеги се ставени во домашна изолација.

Полицискиот службеник од затворот во Скадар е на домашно лекување, додека седум негови колеги се во изолација.

По појавата на новиот коронавирус Владата донесе одлука за привремено тримесечно ослободување на 500 затвореници, кои се постари од 60 години, а се хронични болни, како и затвореници на кои од казната им се останати помалку од три години, но не се осудени за тешки кривични дела.

Инаку, според денешното соопштените на Министертвото за здравство во последното деноноќие во Албанија регисрирани се нови 19 случаи заразени со Ковид-19, што е за 11 повеќе од вчера или вкупно 494 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“