За две лица од Битола побарана е парична казна поради непочитување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Битола побара парична казна во износ од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра, односно по 2000 евра во денарска противвредност, за две лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 14 април 2020 година, без дозвола, пеш се движеле низ градот, во време кога на сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија. Со тоа, тие не ги почитувале прописите кои се донесени со цел сузбивање и спречување на ширење на опасната болест предизвикана од COVID-19, а за што битолското обвинителство го поднесе Предлогот за издавање на казнен налог.​​

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ