Во Грција не стивнуваат реакциите по најновиот предлог на Нимиц

Од:

Грчките медиуми се уште анализираат, шпекулираат, се натпреваруваат со „ексклузивни информации“ за најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на прашањето за името, јави дописникот на МИА од Атина.

Сите констатираат дека во Атина се создаде интензивна дебата околу најновиот предлог на Нимиц, но и тоа дека Грција со големо изненадување и незадоволство ги примила информациите од последните средби во Њујорк.

Најчесто се шпекулира дека последниот предлог е „Горна Република Македонија“, што ги покрива црвените линии на Грција за географска одредница, но сега проблемот е што терминот „Горна“ е пред Република, а не пред Македонија и Грција стравува дека на таков начин географската одредница во пракса нема да се употребува. Извори во ОН истакнале дека од стратешко значење е што во предлогот има географска одредница, а тоа каде се наоѓа е техничко прашање од второстепено значење.

Уште еден голем камен на сопнување за Грција  во најновиот предлог на медијаторот е тоа што се напушта формулата ерга омнес, а името би било за „најширока можна употреба“, анализираат познавачите на приликите.

Грчките медиуми пишуваат дека најновиот предлог е производ на ОН, но со помош на Европската комисија, особено од страна на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

„Дојче Веле“ на грчки јазик јави дека дипломатите во ОН сметаат дека ова е најдобриот предлог и може да ги покрие двете страни, кои во секој случај ќе мора да направат компромиси. Слична претпазливост и „замор“ за прашањето има и во Вашингтон, како и во европските институции. Висок западен дипломат за „Дојче Веле“ на грчки јазик на демонстративен начин изјавил: „Ако биде одбиен и овој предлог, не знам каде ќе одиме после тоа“.

Со наслови „Молк во Скопје за најновиот предлог на Нимиц“ и „Груевски не го коментира предлогот на Нимиц“, сите грчки медиуми ја пренесоа и изјавата на македонскиот премиер дека нема да ги коментира новите идеи на Нимиц за да не се наруши процесот што го води медијаторот.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски