Стабилизиран бројот на новозаразени со коронавирусот во Словенија

Од:

Во изминатото деноноќие во Словенија се направени 1.168 тестирања за коронавирусот, а позитивни се само 28, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според овие информации, продолжува трендот на стабилизирање на новозаразените, а новите инфицирање во најголем дел се во домовите за стари лица, што е жаришта на вирусот.

Во болниците ширум земјата од Ковид-19 се лекуваат 96 лица, а на одделите за интензивна нега се наоѓаат 34 пациенти.

Во изминатите 24 часа, од здравствените установи се отпуштени 13 лица кои оздравеле, а бројот на починати се зголеми за пет.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски