ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно постои проблем со алгоритмот на Филипче и проценките за ширење на заразата која коси низ државата

Од:

„Македонските граѓани со живот ја плаќаат неспособноста на власта на СДСМ. Драстично се зголемува бројот на починати и заболени. 10-тици животи се загубени поради несериозниост однос на власта кон здравјето на граѓаните. Она што најмногу загрижува е што голем дел од пациентите кај кои настанала смрт воопшто и немаат добиено здравствена нега од здравствените институции и починале на патот кон болницата.

Очигледно постои проблем со алгоритмот на Филипче и проценките за ширење на заразата која коси низ државата преку локална трансимисија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Македонија бројот на заболени од опасниот коронавирус е повисок споредбено со нашите соседи. На милион жители Македонија има повеќе заболени од Грција, Албанија и Бугарија. Загрижува и високата стапка на смртност. На милион жители Македонија е полоша и од Бугарија, Србија, Албанија и останатите, со најголем број на смртни случаи од коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира дека е потребно масовно тестирање со цел спречување на натамошната трансмисија на заразата, особено во епицентрите каде е најголем бројот на заболени како Скопје, Прилеп и Куманово. Срамно е граѓаните со денови да чекаат тестирање или резултати додека нивната здравствена состојба се влошува и нивниот живот е во рризик.

За жал во Македонија во моментов имаме 117 заболени медицински лица или 20 проценти од вкупниот број заразени. Да не заборавиме дека медицинскиот персонал е во првите борбени редови со светската пандемија. За жал кај нас медицинските лица голораки се борат со вирусот. Здравствените работници ја немаат потребната опрема па така неретко бараат донации на социјалните мрежи и помош од поединци за да се заштитат од епидемијата. Владата мора да му овозможи на медицинскиот персонал соодветна заштита, а подобра и посоодветна грижа за граѓните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски