Нови десет случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 387 заразени, 66 излекувани и осум починати

Од:

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови десет случаи кои, од извршените испитувања во текот на денот, резултирале позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 387, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според синоќешното соопштение на ИШПК, вчера во Лабораторијата за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 137 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 3.547.

Вчера се евидентирани и тројца излекувани од новиот коронавирус, согласно методите пропишани од Светката здравствена организација, со што бројката на лица кои ја пребродиле заразата се зголеми на 66.

ИШПК објави дека во вторникот во земјата не е регистриран ниту еден нов случај на починат од Ковид-19, така што бројот на жртви на пандемијата во Косово и натаму е непроменета и останува осум.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица