МНР: Досега се вратени 3.032 македонски граѓани од над 15 земји

Од:

По апелот за пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по јавниот повик за организирање авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои, до денеска, во организација на МНР е направена репатријација на 3.032 македонски државјани.

Од нив, 2.020 се репатрирани  од 13 земји (Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија, Швајцарија, Велика Британија, Белгија, Франција, Шведска, Данска, Холандија и Италија) на летовите од 15 градови: Валета, Загреб, Љубљана, Минхен, Берлин, Бон/Келн, Виена, Базел, Лондон, Брисел, Париз, Стокхолм, Копенхаген, Ајндховен и Венеција), а 214 граѓани со 4 хуманитарни конвои (автобуси и автомобили) од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Турција.

„На 573 наши државјани им помогнавме со насочување или обезбедување дозволи за нивно враќање дома преку аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана. Со регулирана постапка. пак. во комуникација со српските органи, самостојни дозволи во посредство на МНР беа издадени на 149 македонски граѓани за да ги преминат српските граници за да се вратат во земјата. Со ова се исполнија барањата на нашите граѓани за враќање во земјата во контекст на чартер-летовите, но предвидени се и дополнителни хуманитарни конвои, а Министерството во соработка со надлежните власти на другите држави, ќе продолжи и со помагање при индивидуални дозволи за транзитирање таму каде што условите тоа го дозволуваат“, велат од МНР. МНР овозможило репатријација и на повеќе од 759 странски државјани кои од Скопје се враќаат во своите земји, меѓу кои: Австрија, Велика Британија, Германија, Австралија, САД, Чешка, Унгарија, Словачка, Швајцарија, Италија, Франција, Хрватска, Црна Гора, Косово, Малезија и др.

„На тој принцип, во соработка со други земји и нивните министерства за надворешни работи, им беше помогнато и на 74 наши државјани да се вратат дома од земјите од Централна и Јужна Америка, Полска, Нов Зеланд, Обединетите Арапски Емирати. Изразуваме благодарност до сите инволвирани во овој процес, на колегите од Кризниот тим при Министерството за надворешни работи и колегите од сите наши дипломатско-конзуларни претставништва за нивната посветеност“, велат од Министерството.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија