Пад на новозаразени од Ковид-19 во Албанија

Од:

Во Албанија во последното деноноќие забележан е пад на новозаразените со Ковид-19.

Според Еугена Томини од Инситутот за јавно здравје, новодијагностицирани се само осум лица, од нив по еден здравствен работник во Кукс и Скадар, со што вкупната бројка сега изнесува 475 лица.

-Од тестираните 236 сомнителни случаи, од кои 45 се медицински персонал од Регионалната болница во Скадар. Од вкупно тестираните позитивни се осум лица, меѓу нив по еден здравствен работник во Скадар и Кукс. Бројката на новозаразени споредено со вчера е помала за 13 лица. До сега тестирани се 4.306 лица од нив позитивни на коронавирус се 475 лица, рече Томини.

Додаде дека во последното деноноќие 16 пацинети се излекувани со што вкупната бројка сега е 248.

-Сакам да информирам дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Нроќи“се наоѓаат 46 пациенти,од нив 12 се на интензивна нега, додека пет се интубирани. За првпат регистриран е случај на заразен од опасниот вирус во Кукс, а станува збор за здравствен работник, изјави таа.

Инаку, со двајцата новозаразени здравствени работици вкупната бројка се зголеми на 50, при што 33 од нив се излекувани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“