МНР: Успешно вратени 125 македонски граѓани од Стокхолм, Копенхаген и Ајндховен

Од:

Министерството за надворешни работи информира дека денес беше организиран лет за репатријација на вкупно 125 македонски граѓани затекнати во Шведска, Данска и Холандија.

Репатрирањето беше реализирано во организација на нашите амбасади во Стокхолм, Копенхаген и Хаг, а во тесна соработка со генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство.

„Упатуваме благодарност до колегите од амбасадите на Шведска, Данска, Норвешка и Холандија за кооперативноста при репатрирањето на 27 странски државјани на летот од Скопје кон денешните дестинации, како и на надлежните институции на овие држави кои помогнаа во репатријацијата на нашите граѓаните“, пишува во соопштението од МНР.

Во текот на утрешниот ден предвиден е лет за враќање на македонските граѓани од Италија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија