Во Италија речиси 20.500 луѓе починаа од последици од Ковид-19

Од:

Во Италија 20.465 луѓе починаа од последици од коронавирусот, соопшти италијанската Агенција за цивилна заштита.

Во изминатите 24 часа од последици од Ковид-19 починаа 566 луѓе, додека ден претходно бројот на смртни случаи изнесуваше 431.

Но, и покрај тоа во Италија денеска е забележан најмал број на новозаболени лица од новиот коронавирус од 7 април, односно 3.153 луѓе, додека нивниот број во неделата изнесуваше 4.092.

Во Италија вкупно се потврдени 159.516 пациенти заразени со Ковид-19.

Околу 3.260 лица се на интензивна нега, што значи дека и нивниот број бележи пад десетти ден по ред. Вчера имало 3.343 луѓе биле на интензивна нега.

Од новиот коронавирус во Италија оздравеле 35.435 луѓе, а нивниот број еден ден претходно изнесуваше 34.211.

Би можело да ве интересира

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија