Импровизирана болница за интензивна нега на пациенти заразени со вирусот Ковид-19 беше изградена за околу 30 часа, но не во Вухан, ниту во Милано, туку во Неапол, објавија денеска италијанските медиуми.
Новата импровизирана болница во предградие на Неапол, во населбата Понтичили, беше составена од монтажни целини, а видео на кое се гледа изградбата беше споделено на социјалните медиуми од страна на Франческо Борели, висок претставник од регионот Кампанија.
Milano? Wuhan? NewYork?Londra? Eh No Amici, siamo a Napoli nel parcheggio dell' Ospedale del mare Costruzione del reparto terapia intensiva Crovid-19 tutto In 30 Ore. pic.twitter.com/yCNGcCWgcq
— Francesco Borrelli (@NotizieFrance) April 11, 2020
Медиумите објавија за новата теренска болница за која се вели дека „Неапол е побрз од Вухан“, каде за десет дена беше изградена болницата за пациенти заразени со новиот коронавирус.
Во италијанскиот регион Кампанија, каде што се наоѓа Неапол, повеќе од 3.670 луѓе се заразени со вирусот Ковид-19, а во провинцијата Неапол, пошироко подрачје на истоимениот град, има околу 1.930 позитивни случаи.