Здравствените работници нема да можат да одат во пензија додека трае вонредната состојба

Од:

На денешната владина седница билo одлучено дека започнатите постапки за престанок на договор за вработување или договор за продолжување на вработувањето на здравствен работник, односно здравствениот соработник, поради возраст, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.

Според ова, се одложува одењето во пензија на сите здравствени работници кои во овој период го имале стекнато ова право.

„На предлог на Министерството за здравство, денеска Владата ја усвои и Уредбата за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба, со која се уредува престанокот на вработувањето по сила на закон, со престанок на Договорот за вработување или Договорот за продолжување на вработувањето на здравствен работник, односно здравствен соработник, поради возраст, се одложува за време на траењето на вонредната состојба, во случај на стекнување право на старосна пензија, кога ќе наполни 64 години за маж, односно 62 години за жена согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување за време на вонредна состојба, или кога ќе наполни 64 години, односно кога со писмена изјава до работодавачот побарал да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст согласно Законот за работните односи“, стои во владината одлука.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад