Косово: Почина 38-годишна жена заразена од коронавирусот

Од:

Жена на 38-годишна возраст почина денеска на Инфективната клиника во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, откако вчера беше примена во тешка здравствена состојба на Клиниката за абдоминална хирургија, по што лабораториските наоди покажаа дека била заразена од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Жената по потекло од градот Исток е осмата жртва на епидемијата на Ковид-19, од појавата на првите случаи на заразени пред 30 дена.

Директорот на Клиниката за абдоминална хирургија, Ферат Салаху изјави за „коха.нет“ дека 18 членови на здравствениот персонал на клиниката, вклучително петмина доктори, се подвргнале на самоизолација поради случајот.

Вчера во Косово беа забележани рекордни 79 нови носители на вирусот, со што официјалната бројка на заразени се искачи на 362. Како излегувани од Ковид-19 се водат 59 лица.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица