Голема пратка кинеска заштитна и медицинска опрема за Словенија

Од:

На аеродромот Брник крај Љубљана утрово слета транспортен авион на компанија „Сичуан Ерлајнс“, со кој пристигна и голема пратка заштитна и медицинска опрема, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Опремата што ја набави Словенија се состои од заштитни маски и одела, респиратори и друга медицинска опрема потребна за справување со епидемијата на коронавирусот.

Премиерот Јанез Јанаш веста ја пристигнувањето на нарачаната опрема од Кина ја сподели на социјалните мрежи и напиша дека таа ќе придонесе и за по мирни Велигденски празници.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски