Во Албанија со Ковид-19 заразени 48, а излекувани 32 здравствени работници

Од:

По 9 март, кога беше регистриран првиот случај со Ковид-19, во Албанија, од овој опасен вирус заразени се 48 здравствени работници, лекари и медицински техничари, при што 32 од нив се излекувани.

„Од синоќа во карантин се 10 здравствени работници, пет лекари и исто толку медицински техничари од персоналот на Клиниката за трауматологија во Тирана. Ќе бидат тестирани по пет дена, соопшти Министертвото за здравство и социјална заштита.

Тие имале контакт со лице повредено во сообраќајна несреќа што се случила во градот Драч пред три дена, а за кое во меѓувреме било потврдено дека е позитивно на Ковид-19.

Пациентот веднаш бил префрлен во Инфективната клиника и моментно е во стабилна здравствена состојба.

Со вчера последно соопштените податоци во земјата дијагностицирани со Ковид-19 се 446 лица, од нив 16 деца. Излекувани се 217, а починале 23 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“