САД ја поздравија размената на затвореници меѓу Авганистан и талибанците

Од:

Американскиот мировен претставник за Авганистан, Залмај Калилзад денеска го поздрави ослободувањето на затворениците од страна на авганистанската Влада и талибанците.

– Двете страни треба да ги забрзаат напорите за да ги исполнат целите наведени во американско-талибанскиот договор што е можно поскоро, рече Халилзад.

Портпаролот на Советот за национална безбедност, Хавид Фаиденеска рече дека Владата од средата ослободила 361 талибански затвореници од притворскиот центар Баграм, вклучувајќи и 61 затвореник ослободени вчера.

– Ослободувањата ќе продолжат и во другите затвори се додека не се ослободат вкупно 1.500 лица, додаде Фајзал.

Политичкиот портпарол на талибанците, Сухаил Шахин, исто така, изјави за ДПА дека тие ослободиле 20 затвореници од нивните затвори.

Во Договорот меѓу САД и талибанците, потпишан кон крајот на февруари, се бара ослободување до 5.000 талибански затвореници во замена за 1.000 провладини затвореници. Процесот требаше да заврши минатиот месец, но се соочи со пречки поради разликите меѓу двете страни.

Авганистанската влада соопшти дека ќе ослободи 1.500 талибански затвореници почетокот на авганистанските мировни преговори – првично планирани за 10 март, но милитантната група инсистира на тоа да бидат ослободени сите 5.000, пред да почнат какви било разговори.

Договорот меѓу САД и Талибанците исто така го отвора патот за постепено повлекување на сите меѓународни сили од Авганистан.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан