„Туркиш ерлајнс“ порача 95 авиони од „Боинг“

Од:

Турската компанија „Туркиш ерлајнс“ порача 95 авиони од американската компанија „Боинг“ за периодот од 2016-2021 година.

Во 2016 година, според турските медиуми, „Туркиш ерлајнс“ ќе добие 20 авиони, во 2018 година уште 20, во 2019. – 15, во 2020. – 30, а во 2021. – десет.

Дваесет авиони ќе бидат од типот Б737-800, 65 – Б737-8 МАХ и десет – Б737-9 МАХ, соопшти компанијата.

Вредноста за 70 авиони, чија нарачка е сигирна изнесува 6,9 милијарди долари.

„Туркиш ерлајнс“ во мај потпиша со европската компанија Ербас“ договор за купување на 82 патнички авиони за куси и средни растојанија од типот А320 во класична верзија и со нов мотор.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија