Во Франција нови 561 смртни случаи во последните 24 часа

Од:

Во Франција во последните 24 часа од вирусот Ковид-19 починаа 561 лице, со што вкупниот број смртни случаи изнесува 14.393 лица, јави дописникот на МИА од Париз.

Во француските болници во моментот се лекуваат 31.826 пациенти заразени со коронавирус. Денеска се примени 1.688 нови пациенти.

Вечерва, 6.845 пациенти, кои се сметаат како сериозни случаи, се згрижени на интензивна нега.

Четврти ден по ред, бројот на пациенти на интензивна нега забележа намалување.

Од почетокот на епидемијата, во Франција се регистрирани 95.403 позитивни случаи, од кои  37.187 во домовите за стари лица и други медицинско-социјални установи.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата