Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, им се заблагодари на лекарите кои го спасиле неговиот живот за време на неговата еднонеделна хоспитализација, откако кај него беше детектиран коронавирусот, а состојбата му се влоши минатата недела.
Во 5-минутното видео објавено на „Твитер“ во неделата, тој ја нарече здравствената служба на Британија „непобедлива“ и ја пофали храбростa на лекарите, медицинските сестри, хигиеничарите и готвачите.
„Државниот здравствен систем без сомнение, го спаси мојот живот. Тешко е да се најдат зборови за да го искажам мојот долг “, рече премиерот, со се уште зарипнат глас.
It is hard to find the words to express my debt to the NHS for saving my life.
The efforts of millions of people across this country to stay home are worth it. Together we will overcome this challenge, as we have overcome so many challenges in the past. #StayHomeSaveLives pic.twitter.com/HK7Ch8BMB5
— Boris Johnson #StayHomeSaveLives (@BorisJohnson) April 12, 2020
Тој се заблагодари на персоналот, ги набројуваше сите имиња на персоналот од болницата, а особено на „двете медицински сестри кои стоеја крај мојата постела 24 часа, кога работите можеа да тргнат по кој било пат“.
Џонсон нема да се врати на работа веднаш, туку ќе се опоравува во својата официјална резиденција. Него го заменува шефот на британската дипломатија Доминик Рааб.