Британскиот премиер Борис Џонсон отпуштен од болница

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска е отпуштен од болница каде што беше на интензивна нега поради коронавирус, соопшти Даунинг стрит.

– По совет на лекарите, премиерот нема веднаш да се врати на работа. Се заблагодарува на сите во болницата Сент Томас за интензивната нега што ја доби, изјави портпарол на Владата.

Џонсон (55) во болницата беше примен пред една недела по десет дена самоизолација за време на кои не престана да чувствува симптоми на вирусот.

Тој три дена беше на интензивна нега. 

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on