Во Албанија има 446 заразени и 217 излекувани од коронавирусот

Од:

Со новозарзените 13 лица во последното деноноќие, бројот на заразени од коронавирус во Албанија достигна 446 лица.

-Во последните 24 часа се тестирани 233 сомнителни случаи, од кои кај 13 е дијагностициран Ковид-19. Досега се тестирани 3.877 сомнителни случаи а позитивен резултат има кај 446 случаи. Досега 23 лица ја изгубија битката со оваа болест и покрај максималните напори на здравствениот персонал,изјави Марјета Дервиши од Инситутот за јавно здравје.

Додаде дека во текот изминатото деноноќие на списокот на излекувани се додадени уште 20 пациенти, со што бројот на излекуваните достигна 217 лица.

Во моментот во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се 49 пациенти, од нив 12 се на интензивна терапија,додека седум се интубирани.

Иако бројот на заразени во последните денови се  намалува сепак познатиот инфектолог Тритан Кало вели дека сеуште не е дојден моментот да се извикне „победа“. На објава на Фејсбук тој бара од албанските граѓани и понатаму строго да ги почитуваат препораките и мерките.

„Трпени,трпение и само трпение…повторувањето  останува мајка на знаењето и ни најмалку татко на здодевноста….Се  уште сме далеку од тоа да извикаме „победа“…самоизолацијата,социјалната дистанца, личната и колективна хигиена, почнуваат да не наградуваат“, напиша меѓу другото Кало.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он