Запалeн летниковец во парк шумата Гази Баба

Од:

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вечерва на својот профил на Фејcбук објави дека непознати сторители запалиле летниковец во парк шумата Гази Баба.

– Ваквиот вандализам мора да престане! Летниковецот во парк шумата Гази Баба беше поставен за луѓето да можат да се одморат, релаксираат и поминат време со своите најмили. Кому му пречело сето тоа? Овој чин не само што направил материјална штета, туку можел многу сериозно да предизвика голема опасност и да ја загрози безбедноста во околината, вели Шилегов во својата објава.

Шилегов изрази „голема благодарност за брзата реакција на Пожарна Скопје што не се дозволи пожарот да се прошири и направи поголема штета, имајќи ја предвид шумата и дрвјата во непосредна близина на летниковецот“.

Би можело да ве интересира

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

САД: 50 милиони луѓе погодени од временски непогоди и чад од шумски пожари во Канада

Пожар во Норвешка уништи повеќе од 100 куќи, огнената стихија е надвор од контрола

ЦУК: Пет пожари на отворено во државата до 13 часот, три сѐ уште активни

ЦУК: Активен e пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково e под контрола