Парцијалната невработеност во Франција достигна ново рекордно ниво од осум милиони работници

Од:

Во Франција на режим на парцијална невработеност се наоѓаат  осум милиони работници, од повеќе од 700.000 претпријатија, односно повеќе од една третина од вработените во приватниот сектор, јави дописникот на МИА.

Таа бројка е зголемена за три милиони од минатата недела, објави на својот профил на Твитер, министерката за труд Муриел Пенико.

Парцијалната невработеност им  дозволува на вработените да бидат обештетени до 70 отсто од бруто платата и 84 отсто од нето платата.

Според министерката за труд, таа мерка ќе чини околу 20 милијарди евра, но е исплатлива, бидејќи дозволува избегнување масовни отпуштања од работа.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата