Вознемиреност во Атина по најновиот предлог на Нимиц

Од:

Во Атина преовладува загриженост и вознемиреност за прашањето за името на Македонија, по новиот сеопфатен предлог кој медијаторот Метју Нимиц вчера им го претстави на претставниците на Грција и Македонија во Њујорк.

Според дипломатски извори на кои се повикуваат некои грчки медиуми, предлогот ги покрива сите прашања и вклучува сложено име со географска одредница, најверојатно „Горна Македонија“. Во однос на условот на Грција името да биде за сите употреби, истите извори тврдат дека според најновиот предлог тоа ќе биде за „најширока можна употреба“.

Проблемот на грчката страна е тоа што иако името вклучува географска одредница, како што бараше Грција, таа е пред терминот Република, а не пред Македонија, откриваат грчките медиуми.

Извори во ОН истакнале дека „она што е од стратешко значење е постоењето на географската одредница во името“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски