„Капитал“: Новиот предлог на Нимиц најверојатно ќе биде само за билатерална употреба

Од:

Новиот предлог на медијаторот Метју Нимиц тешко дека ќе биде повеќе од формула само за билатерална употреба, анализира денеска грчки „Капитал“ потсетувајќи дека само во последните месеци уште две членки на Европската унија го признаа уставното име на Република Македонија.

– Премногу е рано да се знае кои се параметрите на новиот предлог на Нимиц. Во суштина, невозможно е да одреди што предвидува медијаторот за решавање на едно од најкритичните прашања за Атина, пишува новинарот Костас Раптис, додавајќи дека има спектар предлози за кое било име со географска одредница, како на пример „Република горна/северна Македонија“.

Тој анализира дека со усвојувањето на име „ерга омнес“ ќе треба да се промени и Уставот на Македонија што ќе биде многу тешко, а тука се и две земји, членки на ЕУ, кои во последните месеци го признаа уставното име на Република Македонија, така што логично се заклучува дека предложеното решение ќе биде само за билатерална употреба.

– Дали нешто има во рамките на политичката сила на Атина, е следното големо прашање, нагласува „Капитал“.

Не давајќи одговор на ова прашање, Раптис нагласува дека најдобро објаснување за целата ситуација дава изјавата на Нимиц дека се работи за важо регионално прашање, важно европско прашање кое има последици и предизвикува голем интерес.

Тој тврди дека средбите во Њујорк се координирани со вчерашнатна посета на еврокомесарот за проширување Штефан Филе на Скопје и усвојувањето на резолуцијата за Македонија од страна на Комитетот за надворешни работи на ЕП со која од владите на 27-те членки на ЕУ се бара во јуни да ги почнат пристапните преговори со Македонија.

Раптис, „координацијата и заинтересираноста на  САД, земјите од ЕУ и трети земји“ ја поврзува со неодамнешната изјава на српскиот премиер Ивица Дачиќ за „Франкфуртер алгемајне цајтунг” дека „Американците не дозволуваат трампа на територии меѓу Косово и Србија бидејќи стравуваат оти тоа може да ја дестабилизира Македонија“.

Затоа се интензивираат напорите на меѓународниот фактор за интеграција на земјите од Западен Балкан во евроатлантските институции, заклучува „Капитал“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски