Извршниот директор на организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Тоширо Муто, истакна дека пандемијата на коронавирус може да го задржи одржувањето на настанот и во 2021 година.
-Мислам дека никој не може со сигурност да каже дали коронавирусот може да се стави под контрола. Сè уште не можеме да дадеме јасен одговор, рече Муто.
Тој наведе дека како организатори не размислуваат за алтернативни планови.
-Мораме во целост да се фокусираме на подготовка и решавање на тековните проблеми. Човештвото мора да го примени сето свое знаење за да ја победи оваа болест, додаде Муто.
Летните олимписки игри требаше да се одржат годинава, но поради корона-кризата се одложени за 2021 година, од 23 јули во 8 август.