Четворица вработени од „Канал 5“ во изолација, откако на главниот уредник му беше дијагностициран коронавирус

Од:

Четворица вработени во телевизијата „Канал 5“ ќе бидат во домашна самоизолација, бидејќи дента, кога главниот уредник Гоце Михајловски ги добил првите симптоми, тие биле на работа. Ова го соопшти новинарката Тамара Стојкова, а пак, министерот за здравство Венко Филипче рече дека епидемиолошките анкети се завршени.

Новинарите од останатите телевизиски куќи прашуваа дали ќе бидат исконтактирани од епидемиолозите, бидејќи имале контакт со колегите од „Канал 5“.

„Епидемиолозите беа во комуникација со одговорните од телевизијата. Се направија интервјуа со сите вработени и кои се сметаат дека се од висок ризик. Јас верувам дека и колегите од останатите медиуми, како и сите други приватни контакти на тие лица кои се смета дека се во ризик, се направени или ќе бидат направени во текот на утрешниот ден, согласно тоа, ќе бидат преземени и одредени мерки. Доколку има некаква потреба за самата телевизија, детално е исчистена, според стандардите. Центарот за јавно здравје беше во комуникација со уредниците и сметам дека за таа институција важат апсолутно истите протоколи, пристапот кон заболените и нивните примарни контакти, како и за сите други институции“, рече Филипче.

Претходно, уредникот во телевизијата „Канал 5“, Гоце Михајлоски, кој е заболен од коронавирус, во неговата блиска фамилија имал член кој бил позитивен на Ковид-19, потврди директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова. Тој имал контакт со него. Михајловски е хоспитализиран во болницата ‘8 септември’ и е во стабилна состојба.

Тој пред да биде дијагностициран како позитивен, правеше интервјуа со лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Двајцата беа негативни на тестовите, но ќе останат во изолација седум дена, бидејќи седум дена се веќе поминати откако беше направено интервјуто.

Би можело да ве интересира

Филипче: Власта да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на евроинтеграциите

Филипче: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

Филипче: Власта троши 1.8 милиони евра на брошури, кетеринзи, тотеми и себе промоција, но не дава за семејствата на настраданите во Кочани

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Филипче: Никој од Бугарија нема право да ги навредува нашите институции

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Mакедонската интеграција во ЕУ е сè подалечна поради политиките и изборите на власта

Горан Наумовски