Гужва во Скопје, граѓаните ги окупираа маркетите пред полицискиот час за викендот

Од:

Преполни паркинзи со автомобили, по улиците метеж, граѓаните во редици чекаат пред маркетите да испазаруваат. Ваква е сликата во Скопје пред продолжениот полициски час кој ќе трае од 16 часот до 5 наутро во понеделник.

Скопјани ги окупираа продавниците за храна во овие неколку часа пред забараната за движење. Пазарат сите и помалди и повозрасни. Брзаат да накупат што е можно повеќе, бидејќи за кратко време се ќе биде затворено.

Забележливо е дека најголем дел од нив до касите туркаат од големите корпи, преполни со прехрамбени продукти за да им стаса храна за викендот. Рафотвите брзо се празнат што создава тензија и кај купувачите и кај вработените.

Претежно се купува леб, млеко, овошје но, и средства за хигиена во домаќинството. Дополнителна тензија создава запазувањето на редот и растојанието меѓу луѓето, при што во маркетите се пуштаат по неколку купувачи, согласно мерките за заштита од коронавирусот. Со потрошувачката паника, трговците треба да се справат за кратко време и да затворат пред започнувањето на полицискиот час.

Освен во големите маркети ред се чека и пред пиљарите, пред продавниците за бели пецива, маалските продавници и гранапи, но и пред тобако за цигари.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on