Владата демантира: Не ги помагаме МПЦ и ИВЗ, средствата се за нивните факултети

Од:

По објавите дека Владата изгласала Уредба за помош на МПЦ и ИВЗ, од таму демантираат дека станува збор за ваква Уредба туку дека таа се однесува на постара одлука за поддршка за реализација на студиските програми на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет и на Факултетот за исламски науки за 2020 година

„Владата на Република Северна Македонија категорично демантира дека е донесена Уредба со која финансиски ќе се помагаат МПЦ и ИВЗ, како што објавија некои медиуми, која како дезинформација се шири и на социјалните мрежи. Вистината е дека Владата на својата 38-ма седница донесе одлука за одобрување наменски средства на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, како и на Факултет за исламски науки – Скопје за реализирање на студиските програми на овие три институции за 2020 година.“

Од Владата тврдат дека средствата определени со оваа одлука се исклучиво за реализирање на студиските програми на овие три институции, и тоа согласно претходна одлука на Владата од 9-тата седница одржана на 16.02.2020 година, со цел да се обезбеди редовното и непречено функционирање на студиските програми за 2020 година (https://vlada.mk/node/20260), а не за финансиска помош за МПЦ и ИВЗ како што пренесуваат медиумите.

„ Одлуката за одобрување наменски средства на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, како и на Факултет за исламски науки – Скопје за реализирање на студиските програми на овие три институции за 2020 година, е донесена врз основа на Законот за високото образование донесен во 2008 со кој овие институции се стекнаа со статус на приватно-јавни непрофитни високообразовни установи. Согласно овој Закон, средствата за финансирање на дејноста на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет и на Факултетот за исламски науки, се обезбедуваат покрај од средствата на основачите и од Буџетот на Република Северна Македонија, како и од други извори определени со закон“.
Од МПЦ и ИВЗ вчера беше соопштено дека ќе бараат помош од Владата поради финансиските загуби што ги имаат во периодот на забрана за собири во храмовите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски