(ВИДЕО) Мизрахи: Граѓаните се главниот ресурс на државата, секој од нас е дел од нејзиниот систем

Од:

„Македонија постојано се соочувала и минувала низ премрежjа. Денешницата не е исклучок. Се чини дека ја водиме најголемата битка во нашите животи. Корона вирусот ја сруши сликата на општествен систем поставен на здрави нозе. Ковид-19, ја покажа сета неподготвеност и лажна слика за состојбите во државата.

Здравствениот систем е еден од носечките столбови од севкупниот општествен систем и без него не може да постои нормален живот. Во недостаток на функционален здравствен систем денес сме сведоци на реално ТВ шоу кое наместо да нуди решенија, нуди чувство на напнатост. Таа напнатост се шири и низ економијата“, рече Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска Македонија повторно повикува. Секој од нас мора да даде свој придонес за справување со епидемијата и проблемите што таа ги донесе. Граѓаните се главниот ресурс на државата, секој од нас е дел од нејзиниот систем.

Сега е време за заедничко надминување на проблемите. Од ова битка да излеземе посилни – со посилен систем, со посилна економија, со посилен образовен, безбедносен, здравствен систем. Тој систем треба да одговори на Вашите потреби. Токму затоа Вашиот глас мора да биде слушнат. Вашиот глас мора да ги мине бариерите на безидејната власт додека не е предоцна.

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која е отворена за вашиот глас. Вашите предлози и идеи за справување со кризата, пратете ни ги на нашата отворена електронска пошта заедно да дојдеме до решенија. Од акцијата „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија”, ќе креираме политики поттикнати од вас.

Само така, само заедно, ќе помогнеме да ја пребродиме кризата и здравствено и економски и безбедносно. Затоа што сите заедно, ја сакаме Македонија“, изјави Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски