Словенечката полиција ги предупреди граѓаните за Велигденскиот викенд да останат во својата општина

Од:

Словенечката полиција предупреди дека за време на претстојниот викенд и Велигденски празници, засилено ќе контролира дали граѓаните ја почитуваат мерката и нема да ги напуштаат општините во кои живеат.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, секој оној ќе ги биде фатен дека ја крши одлуката за ограничување на движењето, донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот ќе биде соодветно казнет.

И покрај тоа што Словенците генерално ја почитуваат забраната, од полицијата информираат дека само минатиот викенд, при контрола на 3.348 возила се откриени 103 случаи на кршење на одлуката.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски