Форбс: Поради Ковид-19, 226 лица веќе не се милијардери

Од:

Во првата половина на март, 226 лица го загубија статусот на милијардер, како резултат на економскиот крах, предизвикан од пандемијата накоронавирус, соопшти „Форбс“.

Џеф Безос е на врвот на листата на светски богаташи веќе трета година по ред, но светската пандемија ја измени листата на милијардери на „Форбс“, па многумина веќе не се на тој список.

Богатството на Безос изнесува 113 милијарди долари, но тој, исто така, забележа пад од 18 милијарди американски долари во однос на минатата година, најмногу поради „отштетата“ за развод од неговата поранешна сопруга, но акциите на неговиот Амазон се зголемија за 15 проценти.

Ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс го држи второто место со богатство од 98 милијарди долари, што е за 1,5 милијарди американски долари повеќе од минатата година.

Од останатите милијардери, 51 процент се посиромашни од лани.

Светските милијардери вкупно вредат околу осум трилиони долари, што е намалување од 700 милијарди долари во однос на 2019 година, посочува „Форбс“. На најновиот список на Форбс има вкупно 2.095 милијардери.

Би можело да ве интересира

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска