Македонската Филхармонија ќе донира 130 илјади денари за Инфективната клиника

Од:

НУ Филхармонија се откажува од Договорот со Министерство за култура за меѓународно претставување на институцијата во 2020 година. Станува збор за износ од 2.300.000 денари кои беа наменети за меѓународно претставување на институцијата и презентација на македонската култура во светот. Воедно, институцијата ќе донира и 130 илјади денари од сопствен буџет на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

– Се откажуваме од овие средства кои во моментов може да се пренаменат за многу поважни работи со оглед на состојбата со која се соочува нашата земја. Нашата институција ќе донира и 130 илјади денари од сопствениот буџет на Инфективната клиника во Скопје- вели Виктор Илиески, директор на Филхармонија.

Филхармонија продолжува со емитување на концерти на својот Јутјуб канал и на социјалните мрежи.

-Во овие моменти најважно е да се почитуваат препораките и сите да седат дома. Токму затоа го инициравме виртуелното дружење со нашиот оркестар, со врвните солисти и диригенти кои настапија на нашата сцена. Сакаме во овие тешки моменти да им го збогатиме секојдневието на нашите сограѓани со врвна музичка изведба. Музиката има терапевтска моќ, тоа го докажале безброј истражувања досега. Ако не можеме да помогнеме директно, како што тоа го прават неуморно здравствените работници, на кои сме им неизмерно благодарни, можеме барем индиректно преку моќта на музиката да им помогнеме на луѓето полесно да се соочат со предизвиците. Можеби звучи утописточки и романтично, но ние сакаме да веруваме дека музиката може да го спаси светот- вели Илиески.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски