Црвен крст Велес повторно подели пакети со храна за социјално загрозени лица

Од:

Волонтери на Општинскиот Црвен крст денеска поделија уште 13 пакети со храна собрани од донации на граѓани и фирми. Со нив, вкупниот број на поделени пакети е 89 и тие се наменети за социјално загрозени лица или за лица кои останале без работа поради состојбата со корона вирусот.

Секретарот на ООЦК Велес,Орце Николов, ги потсетува граѓаните и фирмите дека може да донираат храна во собирниот пункт во Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ кој функционира со Општина Велес.

-Ние секојдневно сме на терен и помагаме колку што можеме. Ги повикувам и апелирам до сите граѓани кои се во можност, како и фирмите, да донираат храна и така да ја искажат својата хуманост на дело, повика Николов.

Инаку, првите 54 пакети со храна беа доделени од градинката „Димче Мирчев“.

Од Општинскиот Црвен крст Велес соопштуваат и дека покрај храна, може да се донираат и пари наменети за социјално загрозени семејства и без приходи како последица на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Црвен крст: Собравме 102 милиони денари, извршена е исплата на сите семејства кои требаа да добијат помош

Канцеларијата на Црвениот крст во Газа е оштетена од проектили

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата