Борел: Кина и Русија ја користат пандемијата за ширење на своето влијание

Од:

Високиот претставник за надворешна и безбдносна политика на Европската унија Жозеп Борел денеска предупреди на ризикот актери надвор од Европа, пред се Кина и Русија, да ја искористат ситуацијата со пандемијата на коронавирус за да го прошират своето политичко влијание на одделни европски држави – доколку ЕУ не даде адекватен економски одговор на кризата.

– Постои ризик, Кина и Русија да ја искористат кризата предизвикана од ширењето на новиот коронавирус за да го зајакнат своето политичко влијание на одделни европски земји. Државите како што се Кина и Русија медиумски ја нагласуваат помошта која ја даваат за борба против епидемијата, заради градење позитивно јавно мислење и за да ја истакнат својата геополитичка улога во светот, оцени Борел за италијанскиот весник „Република“.

Тој вели оти е јасно дека Русија и Кина сакаат да го зголемат своето влијание на глобално ниво, што, според него, е очекувано и не треба никој да биде изненаден.

Борел потенцира дека тие земји ги користат своите капацитети за да го прошират влијанието и оти станува збор за „игра со наративот“, кој треба да покаже дека одредени политички системи се „подобри од нашите во однос на пандемијата на коронавирус“.

На прашањето дали надворешните актери би можеле да ја искористат ситуацијата со пандемијата за да ја „уништат“ Европа, Борел рече дека не гледа таков ризик, но дополни: најголемата опасност доаѓа од нас самите. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина