Османи: Реџепи не се закани туку побара помош, не треба да правиме драма бидејќи секој е оштетен

Од:

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи смета дека поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи не упатил закана кон Владата, туку легитимно барање кое треба да се разгледа. Османи за „А1он“ вели дека Реџепи му се обратил нему со барање, бидејќи претходно, вицепремиерот барал од ИВЗ да ги затвори џамиите поради пандемијата со коронавирусот.

„Мислам дека изјавата е извадена од контекст. Не треба да правиме драма од тоа што тие бараат помош, бидејќи секој во овие услови е оштетен. Во редовна комуникација сум со поглаварот. Бидејќи јас побарав од нив да ги затворат џамиите во текот на пандемијата, тие ми се обратија мене. Основен извор за финансирање на ИВЗ се донациите за време на празникот Рамазан. Нивниот став е дека доколку тие не работат сега, нема да можат да исплатат плати на имамите, оџите и тн. Тоа е ист проблем како на рестораните, кои велат дека ќе ги отпуштат вработените“, вели Османи за „А1он“.

Барањето од ИВЗ до Владата било да се обезбеди субвенција за минимална плата, тврди Османи. Тој не знае дали ќе може да се одговори позитивно на ова барање, бидејќи за тоа треба да се изјаснат ресорните министерства.

„Легитимно е барањето. Но, не знам дали ќе можеме да ги покриеме тие трошоци, за тоа ќе одлучи Владата. Но, мислам дека изјавата е извадена од контекст дека е закана кон Владата. Тој ми објасни дека кажал во контекст, колкава ќе биде штетата доколку не повикал да се затворат џамиите“, додава Османи.

Запрашан за колку лица ИВЗ бара да се обезбедат минимални плати, Османи вели дека не знае во моментот, а списокот го има и во Владата.

Претходно, реисот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, преку ТВ емисија упати порака до вицепремиерот Бујар Османи и на Владата дека ако не ѝ помогнат на ИВЗ, таа ќе ја повлече забраната за собири и тогаш нема да има сила што ќе може да се бори против епидемијата со коронавирусот, па вели, ќе станеме Бангладеш.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места