Од утре задолжителен карантин во Германија за лица кои доаѓаат од странство

Од:

Од утре во Германија стапува на сила задолжителен карантин за лицата кои ќе дојдат од странство.

Како што најави Министерството за внатрешни работи, сите лица кои доаѓаат од странство мора да бидат во двонеделен карантин.

Во случај на непочитување на мерката следи казна од 150 до 25.000 евра.

Сојузната држава и покраините договорија регулатива со која се предвидени единствени мерки.

„Овие мерки се наменети со цел да го прекинат синџирот на инфекција во прекуграничниот сообраќај и со тоа да се спречи натамошно ширење на вирусот“, се наведува во соопштението на Министерството.

Од задолжителниот карантин се изземени прекуграничните работници, лицата кои биле на службен пат, како и возачите на камиони.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија