Нимиц со нови и конкретни идеи, кои не ги открива на јавноста

Од:

Амбасадорот Метју Нимиц по денешната средба во Њујорк изјави дека на претставниците на Македонија и на Грција во разговорите за спорот за името им изнел нови идеи и размислувања, кои очекува двете земји сериозно да ги разгледаат.

– Имавме дискусија и на двете страни им претставив нови идеи од моја страна кои амбасадорите Јолевски и Василакис ќе ги пренесат на нивните влади, кои се надевам внимателно ќе ги разгледаат. Навистина се надевам дека двете страни ќе најдат позитивни елементи во овој предлог и дека ќе се постави патот за сериозни дискусии, и да се надеваме за решение. Идеите се конкретни и се надевам дека двете страни ќе се фокусираат на ова прашање. Нема да ви изнесувам детали. Покрај овие средби, имаме интензивна комуникација, некогаш лично, некогаш во Европа, некогаш телефонски. Добив многу реакции по последната рунда разговори, и се обидувам да ги рафинирам идеите, изјави амбасадорот Нимиц по едно и пол часовната заедничка средба со македонскиот амбасадор Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис во просториите на Советот за безбедност во Обединетите нации во Њујорк.

Нимиц потенцираше дека Џефри Фелтман, заменикот генерален секретар на Обединетите нации за политички прашања, за првпат дошол на разговорите.

– Не посети потсекретарот Џефри Фелтман, кој зборуваше за неговото гледање на прашањето, и воедно дојде за да ги увери сите учесници дека генералниот секретар Бан Ки-мун лично е многу заинтересиран за ова прашање, и навистина се надева дека решение ќе се најде, изјави Нимиц.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: Европа ги попречува обидите на Вашингтон и Москва да ја прекинат војната

Газпром предупреди: Европо, внимавај

Предраг Петровиќ

Европската Унија разгледува низа можни „одмазднички“ потези против Русија

Пропадна првичниот план за Украина, ЕУ итно се обидува да смисли план „Б“

Вајц: Уставните измени се услов за напредок на македонскиот европски пат

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг