Во полското место Честохов, каде што е роден поранешниот поглавар на католичката црква, Јован Павле II, се поставува највисоката статуа на светот во негова чест.
Скулптурата е висока 13,8 метри, а официјално ќе биде откриена во сабота.
Жителите на Честохов се надеваат дека статуата ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Папата Јован Павле беше на чело на католичката црква од 1978 до 2005 година.
Според пишувањето на британскиот „Дејли мејл“ статуата на Јован Павле која што беше поставена во 2011 година во Рим, мораше да се поправи, бидејќи на минувачите им наликувала на италијанскиот диктатор Мусолини.
Елена Георгиевска