Во Србија се проширува забраната за движење за време на викенд

Од:

Забраната за движење во Србија ќе биде продолжена и ќе важи од петок во 17 часот до пет часот во понеделник, потврдија за медиумите во српската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, досега забраната за движење важаеше од сабота во 13 часот до понеделник во пет часот наутро. Тоа не се однесуваше на лицата над 65 години кои имаа можност да купуваат во сабота наутро од четири до седум часот.

Од забраната за движење беа изземени и сопствениците на миленичињата, на кои им беше дозволено да ги шетаат своите миленици во вечерните часови од 23 до еден часот, а во недела од осум до 10 часот наутро

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија