Германското правосудство откри голема измама со испорака на десет милиони заштитни маски

Од:

Германското правосудство откри голема измама со неисполнета достава на околу десет милиони заштитни маски за 15 милиони евра во Северна Рајна-Вестфалија, соопшти обвинителството во Траунштајн.

Две дистрибутерски компании од Хамбург и Цирих требале да достават маски на властите во најпогодената област во Германија, Северна Рајна-Вестфалија.

Компаниите сепак станале жртви на измамници. Тие однапред платиле околу два милиони евра на сметка на наводна компанија за испорака, но маските не пристигнале.

Кога измамата била откриена, надлежните од Северна Рајна- Вестфалија веќе имале уплатено сума од 14.7 милиони евра на дистрибутерските компании, но успеале да ги вратат парите.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија