Во Еквадор се прават нови гробишта за жртвите на коронавирус

Од:

Еквадорската Влада забрзано подготвува земјиште за погребување луѓе, донирано од приватни гробишта во Гуајакили, бидејќи постојните гробишта веќе немаат доволно место заради зголемувањето на бројот на починати од новиот коронавирус во земјата.

Во Еквадор до вчера беа регистрирани 3.995 случаи на заразени, починале 220 луѓе, а други 182 случаи се проценува дека се поврзани со вирусот.

На земјата и недостасуваат дрвени ковчези за починатите, па некои ги погребуваат своите роднини во картонските кутии што даваат гробиштата.

Пред приватните гробишта има долги редови автомобили со мртовечки сандаци, бидејќи семејствата чекаат со часови можност да ги погребаат починатите.

Владата, која минатата недела почна со складирање на телата на починатите од короната во огромни ладилници-контејнери додека не се подготват гробови, планира да погребува околу 100 луѓе дневно на Гробиштата Гуајакали, со капацитет од 2.000 места. Погребите ќе бидат спроведени од надлежните органи, без трошоци за семејствата.

Градот Гујакили подготвува и две јавни гробишта со околу 12.000 парцели.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници