Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос утре ќе се сретне со претседателот Каролос Папуљас со кого ќе разговара за прашањето за името, јавија некои грчки медиуми.
Грчкото МНР се уште ја нема потврдено информацијата, но нема објавено ниту демант. Според информациите, на средбата ќе се разговара и за други прашања кои се во надлежност на Аврамопулос.
Состанокот на шефот на грчката дипломатија со Папуљас ќе се одржи по завршувањето на средбите во Њујорк меѓу медијаторот Нимис со амбасадорите Василакис и Јолевски.
Разговорите исто така се одржуваат во време кога Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ)ги повика земјите членки да почнат пристапни преговори со Македонија пред крајот на јуни годинава, а европратениците побараа постигнување конечен договор за прашањето за името под покровителство на ОН, без понатамошно одложување.
Дипломатската активност во Атина во врска со името се раздвижува и откако еврокомесарот Филе денеска со Скопје изјави дека и покрај настаните од 24 декември, Македонија постигна напредок во реформите кои се во согласност со целите на пристапниот дијалог на високо ниво.
Информацијата за посетата на Филе на Скопје денеска ја објавија сите грчки медиуми.