Стапката на невработеност во Норвешка денеска „скокна“ на 15,4 отсто од 14,7 , колку што беше на 31 март, соопшти Агенцијата за труд и социјална помош (НАВ).
Ова е рекордна стапка на невработеност во оваа нордиска земја, бидејќи економијата практично е запрена како последица на мерките за сузбивање на пандемијата на Ковид-19, пренесоа британските медиуми.
Норвешката Влада минатиот месец прогласи итно затворање на многу јавни и приватни институции, вклучувајќи и училишта и градинки, а работата ја прекинаа и компаниите, што на крајот како епилог имаше отпуштање на повеќе стотици илјади работници.
„Невработеноста е најголема во секторот туризам и сообраќај, каде 26,9 отсто од работната сила е регистрирана како целосно невработена, се наведува во соопштението на НАВ.
Владата попладнево треба да соопшти дали ќе ги измени веќе воведените мерки за ограничувања, што во сила се до 13 април, додавата британските медиуми.