Јенс Шпан: Ќе причекаме уште малку за прослави

Од:

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави денеска дека ситуацијата е се уште сериозна и невозможно е, веднаш по Велигден, целосно враќање во нормалниот живот.

– Нема веднаш да биде се како претходно, порача Шпан по состанокот на покраинската влада во Штутгарт.

Тој истакна дека, поради тоа, е погрешно користењето на поимот „егзит“, бидејќи сугерира дека веднаш ќе биде се како пред кризата.

– Кога ќе биде можно, тогаш постепено ќе му се вратиме на претходното секојдневие, нагласи германскиот министер.

Според него, последното што ќе биде овозможено се забавите и народните прослави, бидејќи таквите манифестации претставуваат посебно голем ризик.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија