Портпаролот на Кривичниот суд,истражниот судија, Владимир Туфегџиќ денеска изјави дека Никола Младенов, сопствникот на „Фокус“ и новинар, загинал во несреќе случај.
Смртта настанала насилно поради прекин на работата на аортата, во крвта на Младенов немало алкохол, тој не бил врзан со сигурносен појас, имал цигара в рака.
Според истрагата, Никола Младенов загинал во несреќен случај, класична сообраќајна несреќа, поради губење контрола на возилото, кое се движелосо 160 километри на час.
„Оштетувањата на возилото се од самото превртување, шпекулации се дека мало контакт со друго возило.Трагите од боја, според анализите не се од боја на автомобил, најверојатно се работи за антикорозивно средство“, вели Туфегџиќ.
Се уште не е утврдено, дали Младенов ја изгубил контролата над возилото или откажало возилото, со оглед дека се уште не е направено техничко вештачење.
Не се знае дали е пронајден телефонот на Никола Младенов.