Карабињерите ќе ги доставуваат пензиите за највозрасните Италијанци

Од:

Италијанските карабињери ќе им ги доставуваат пензиите на граѓаните кои имаат 75 и повеќе години во текот на епидемијата со Ковид-19 во земјата, за на тој начин да ја заштитат од заразата оваа најранлива категорија Италијанци во екот на пандемијата.

Како што пренесоа италијанските медиуми, карабињерите и „Пошта на Италија“ постигнале „историски договор“ за новиот начин на доставување на пензиите за најстарите граѓани во Италија, а со новата мерка ќе бидат опфатени 23.000 пензионери.

Во Италија, една од најтешко погодените земји со пандемијата од Ковид-19 во светот, на сила се строги мерки на карантин на територијата на цела држава со цел да се спречи натамошното ширење на вирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски