Филипче: Не е исклучена тешка клиничка слика и кај помладите пациенти

Од:

Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и другите органи. Иако повозрасната група на граѓани е повеќе подложна, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

На прес-конференцијата, на која информираше дека меѓу тројцата починати пациенти во изминaтите 24 часа има и еден 40-годишен пациент кој немал никакви претходни заболувања, Филипче рече дека пациентите имале тешка клиничка слика.

– Манфестацијата на болеста беше во најтешката форма. Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и сите други органски системи. Таквата е карактеристиката, механизмот на дејство преку еден вид специфични рецептори. Иако повозрасната група на граѓани се повеќе подложни, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти и за жал смртен исход, рече Филипче.

Во однос на тестирањата повтори дека земјава има направено огромен број на тестови на милион жители и оти пристапот на тестирање што сега се применува дава добри резултати.

– Епидемиолозите се на тоа мислење дека само ваквиот пристап дава добри резултати, остава минимален, практично никаков простор за грешка односно за лажно негативни резултати што во оваа фаза на епидемијата е најбитниот момент, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он