Прилеп бара ригорозни мерки за заштита против коронавирусот

Од:

Во последните два дена за 50 отсто се зголеми бројот на заразените од коронавирусот во Прилеп. Локалните власти од Владата бараат многу поригорозни мерки и многу поголеми ограничувања. Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, никој не сака Прилеп да биде ново жариште.

-Тоа е аларм за нас. Дискутиравме и на состанокот со Кризниот штаб. Побарав од премиерот и од министерот за здравство за Прилеп да се преземат поригорозни мерки како што е во Куманово. Тоа ни е потребно за градот, не сакаме Прилеп да биде ново жариште.  Се надевам дека до тоа нема да дојде, но мора да се преземат драстични мерки, изјави Јованоски.

Утре Прилеп целосно ќе се дезинфицира.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп